Лејкерс славea против Портланд по 16 порази по ред (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го совлада Портланд на гостински терен со 114-110 и прекина е една неверојатна губитничка низа која траеше четири години. 

Блејзерз на последните 16 меѓусебни дуели имаа 16 победи против Лејкерс, но на оваа серија конечно и дојде крај утринава благодарение на Леброн Џејмс. Суперстарот го предводеше својот тим до прва гостинска победа во сезоната и вкупно четврта со 28 поени и седум асистенции. Ражон Рондо беше исто така еден од клучните во играта на Лејкерс со 17 поени и 10 асистенции. Демијан Лилард и Си Џеј Мекалум постигнаа по 30 поени, но тоа не беше доволно за Портланд да слави на домашен паркет.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот - Кливленд 126-94
Индијана - Бостон 102-101
Атланта - Мајами 123-118
Чикаго - Хјустон 88-96
Сан Антонио - Њу Орлеанс 109-95
Денвер - Јута 103-88