Лејкерс си договори одличен одбранбен кошаркар

Лос Анџелес Лејкерс ангажираа уште едно засилување за следната сезона.

Евери Бредли е одличен одбранбен кошаркар, кој ќе се обиде да му помогне на Лејкерс за да се врсти каде што припаѓа.

Бредли потпиша двегодишен договор вреден 9,7 милиони евра по сезона, а наскоро соработката ќе биде официјално потврдена.

Бредли во девет сезони во НБА-лигата во просек постигнуваше по 12 поени.