„Лејкерс шоу“ за победа против шампионот Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го совлада шампионот Голден стеј со 123-113 во претсезоната во Лас Вегас. Во натпревар кој нема многу значење во прв план беше ставено воигрувањето на екипите и секако атракциите. 

На Лејкерс им треба повеќе воигрување со оглед на фактот дека променија 70 отсто од ростерот од ланската сезона. Леброн Џејмс уживаше на паркетот во првото полувреме и одигра вкупно 17 минути. Постигна 15 поени, а придодаде и 10 скока и пет асистенции.

Брендон Инграм со 26 поени беше најфикасен кај Лејкерс, додека добар натпревар одиграа и Кајл Кузма и Кентавиус Калдвел Поуп. На паркетот се врати и повредениот Лонзо Бол, кој очигледно ќе биде подготвен за стартот на сезоната.

Кај Вориорс, Стеф Кари постигна 23 поени, Клеј Томсон 20 поени, додека Кевин Дурент имаше 18 поени.