Лејкерс почна да фаќа победнички ритам, Леброн ѝ пресуди на Атланта!

Ноќеска во НБА-лигата беа одиграни пет натпревари, а Лос Анџелес лејкерс полека почна да фаќа победнички ритам, откако го запишаа третиот триумф по ред во лигата и тоа против Атланта со 107-106.

Лејкерс одлично го почна натпреварот, па по првата четвртина имаше водство од 28-22, но на полувремето заминаа со еден поен негатива, односно 52-53.

Сепак, многу подобра игра имаа во третата четвртина со која влегоа во возбудлив финиш и на крајот Леброн Џејмс ѝ пресуди на Аталанта за конечни 107-106.

Џејмс беше најдобар кошаркар на натпреварот со 26 постигнати поени, четири асистенции и седум скокови, додека кај Атланта најдобар беше Торен Принц со 23 постигнати поени.

Останати резултати:

Хјустон – Индијана 115-103
Њујорк – Орландо 89-115
Денвер – Милвоки 114-121
Портланд – Бостон 100-94