Лејкерс одлучи да ангажира поранешен кошаркар на Кливленд

Поранешниот втор пик на драфтот во 2011. година, Дерик Вилијамс доби понуда од Лос Анџелес лејкер и ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Ова ќе биде шести НБА клуб на 26-годишниот кошаркар, кој беше одбран веднаш по Кајри Ирвинг како голем талент, но никогаш не ги оправда очекувањата.

Негов проблем беше пронаоѓање на вистинска позиција, па во кариерата смени многу клубови, Минесота, Сакраменто, Њујорк, Мајами, Кливленд, Тијанџин, а сега ќе добие повторно шанса да се докаже во НБА лигата.