Лејкерс ќе го ангажира Леброн Џејмс!?

Лос Анџелес лејкерс во наредната сезона би можеле да бидат еден од најголемите кандидати за титулата во НБА.

Познатиот новинар на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, кој има голем број ексклузивни информации од најсилните лиги во светот, вели дека Лејкерс ова лето сака да донесе две големи ѕвезди.

Станува збор за Леброн Џејмс од Кливленд и Пол Џорџ од Оклахома, кои ќе бидат слободни агенти на крајот на сеззоната, па претседателот на клубот, Меџик Џонсон, ќе се фокусира на нивни ангажман.

„Планот на Лејкерс не се сменил. Тие ги сакаат Џејмс и Џорџ. Сакаат да направат тим, кој ќе биде кандидат за титулата, но ќе им треба многу среќа за да ги ангажираат двајцата“, вели Војнаровски.

Џорџ неодамна кажа дека сака да остане во Оклахома, додека Џејмс најави дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе на крајот на сезоната.