Лејкерс издоминираа против Мајами во првиот натпревар од финалето (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс поведоа со 1-0 против Мајами во големото финале во НБА-лигата по победата од 116-98. 

Хит одлично го почнаа натпреварот, а во првата четвртина имаа и предност од 13 поени или 23-10. Сепак, Лејкерс почнаа да се будат па периодот го завршија со серија од 13-0 и на пауза имаа водство од 31-28. Следуваше одлична игра на тимот од Лос Анџелес па на полувремето веќе беше убедливи 65-48. Највисокото водство Лејкерс го имаа во третиот период со +32 разлика, по што веќе беше јасен победникот. 

Проблем за Мајами може да биде фактот дека Горан Драгиќ го заврши натпреварот уште во втората четвртина поради повреда на стапалото, а Бам Адебајо исто така се повреди, кој пак имаше проблем со рамото. 

Ентони Дејвис со 34 поени ги предводеше Лејкерс, додека Леброн Џејмс реализираше 25 поени со 13 скока и 9 асистенции. Џими Батлер со 23 поени беше најефикасен во таборот на Мајами.