Лејкерс им одржа лекција на Јокиќ и Денвер и избори големо финале (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс по десет години повторно се во големото финале на НБА-лигата, откако во петтиот меч од финалната серија на Западот го победија Денвер нагетс со 117-107.

Првата четвртина беше израмнета, а втората и почетокот на третата му припаднаа на Лејкерс, кој во еден момент имаше +16 (72-56), но Денвер со голема серија успеа да се врати и да израмни на 84-84.

Во последната четвртина се водеше голема борба, но Леброн Џејмс блесна и му донесе победа на својот тим од 117-107.

„Кралот“ постигна дури 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции, а него го следеше Ентони Дејвис со 27 поени.

Никола Јокиќ беше добар кај Денвер со 20 поени и седум скокови, како и Џереми Грант со 20 поени и девет скокови.

Лејкерс во големото финале го чека подобриот од мечот меѓу Мајами хит и Бостон селтикс. Во моментов со 3-2 води екипата од Флорида.