Лејкерс гради шампионски тим - ќе пристигне уште една ѕвезда во Лос Анџелес!?

Лос Анџелес Лејкерс направи голем напредок во однос на претходната сезона, а тоа е резултат по доаѓањето на најдобриот кошаркар во моментов, Леброн Џејмс.

Со Леброн пристигнаа и голем број други искусни кошаркари како Ленс Стивенсон, Рондо, Мекџи, Мајкл Бизли, но сега Лејкерс има нови големи планови.

Лејкерс сака да ослободи простор за ангажирање на уште две ѕвезди, а една од нив е кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Ентони Дејвис.

Исто така, се споменува можноста да го ангажираат Каваи Ленар или Кевин Дурант, но тоа ќе биде многу тешка мисија за нив.

Во секој случај, на врвот на листата со желби останува Дејвис, кој би добил договор од 230 милиони долари, а тоа е навистина голема сума, која не би можел искусниот кошаркар да ја одбие.