Лејкерс го отпуштија Казинс за да го доведат Морис

Демаркус Казинс си оди од Лос Анџелес лејкерс без ниту еден одигран натпревар, откако во претсезоната ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. 

Центарот денеска беше отпуштен од Лејкерс, кои сакаат да направат место во ростерот за Маркиф Морис, кој пак си замина од Детроит. Казинс воопшто нема среќа со повредите последните години, а долго време беше отсустен и кога потпиша за Голден Стејт минатата сезона. 

Морис ќе дојде на негово место, иако за овој кошаркар има доста интерес и од други екипи. Сепак, неговата желба е да игра за Лејкерс и да биде ривал со неговиот брат близна Маркус Морис, кој пред Ол-старот потпиша за Клиперс.