Лејкерс го доби Бостон во инфаркт завршница (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и Бостон одиграа феноменален меч во „Стејплс арената“ во кој до победата дојдоа „езерџиите“ со 114-112.  

Моментот на одлука се случи во последните секунди. Лејкерс имаше минимално водство по првиот дел 56-54, додека и вториот беше исто така поен за поен, но по трпелив тим беше домаќинот, кој предводен од Ентони Дејвис со 32 поени и Леброн Џејмс со 29 поени ја обезбеди победата.

Од останатите натпревари, Денвер – Минесота (128-116), Торонто – Индијана (127-81), Чикаго – Вашингтон (126-117), Оклахома – Сан Антонио (131-103), Голден Стејт – Њу Орлеанс (101-115), Портланд – Детроит (107-104).