Лејкерс доминанираа против Денвер во првиот натпревар од западното финале (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс поведоа со 1-0 во финалната серија на Западот во НБА-лигата по победата од 126-114 против Денвер. 

Интересно е тоа што ова е прва победа на Лејкерс во првите натпревари сериите, бидејќи претодно секогаш забележуваа порази на стартот против Портланд и Хјустон. Освен во првата четвртина кога се играше неизвесно, тимот од Лос Анџелес почна да ја прави разликата на стартот во втората четвртина, кога имаше серија од 17-1. Во третиот период разликата прв пат отиде на +20 поени, а во финишот Лејкерс водеа и со највисоки 27 разлика. На крајот малку се опуштија, па Нагетс се изборија за попристоен пораз од 126-114.

Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерс со 37 поени и 10 скока, Кентавиус Калдвел-Поуп финишираше со 18 поени, Леброн Џејмс постигна 15 поени и 12 асистенции. Кај Денвер, Џамал Мареј и Никола Јокиќ имаа по 21 поен.