Лејкерс без Леброн Џејмс по втор пат го совладаа Голден Стејт (ВИДЕО)

Лос Анџеле лејкерс за само неколку дена по втор пат го совладаа актуелниот шампион во НБА-лигата Голден Стејт со 105-119.

На овој пријателски натпревар Лејкерс беа без Леброн Џејмс, додека кај Вориорс не настапи Кевин Дурент. Двете големи ѕвезди одмораа и не се појавија на теренот.

Тренерите Лук Волтон и Стив Кер одлучија да им дадат поголема минутажа на резервистите, па така кај тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Свјатослав Михалик со 22 поени, додека Кајл Кузма постигна 19 поени. Кај Вориорс, Клеј Томсон постигна 21 поен. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Орландо - Сан Антонио 81-100
Вашинготн - Гвангжу 140-111
Далас - Шарлот 118-123
Кливленд - Детроит 110-129
Њујорк - Бруклин 107-113
Мајами - Атланта 119-113
Чикаго - Денвер 93-98
Мемфис - Хјустон 103-121
Милвоки - Минесота 143-121
Портланд - Сакраменто 118-115