Легендата на Лејкерс: Веста за смртта на Коби - ме уби! (ВИДЕО)

Веста за смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, ги шокираше сите ширум светот.

Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со својата ќерка Џиана и уште седум други луѓе.

Џери Вест, кој своевремено беше генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс и занјзаслужен за доаѓањето на Брајан во овој клуб, бил шокиран од трагедијата.

Му бев како втор татко. Кога имаше 17 години, не знаеше да вози, па мојот син Рајан го носеше на тренинг... Сега, кога ќе почнам да размислувам за некои интимни работи, како на пример со тоа што му помогнав да ги собори сите пречки како 17-годишно момче за да стане НБА ѕвезда, да го искористи талентот со кој долги години беше прва виолона на тимот, навистина ми е тешко, изјави човекот чија силуета ја краси логото на НБА-лигата, па продолжи:

20 години кариера... Еден од најлошите денови во мојот живот, единственото нешто што можам да го споредам со тоа - мојот брат почина во Кореја. Едноставно сум „убиен“ од овие вести... Тој беше човек за сите генерации, беше идол на милиони фанови, не само во САД, туку ширум светот. За мене ова е страшен ден, истакна Вест.