Леброн во авионот на Лејкерс дозна за смртта на Коби и - прсна во плач! (ВИДЕО)

Коби Брајант и уште осум други патници, меѓу кои и ќерка му Џиана Марија, нејзината другарка и татко ѝ, го загубија животот во хеликоптерската несреќа, а веста за неговата смрт го потресе целиот свет.

Многу кошаркари се збогуваа со американската легенда, а веста за неговата смрт тешко ја прифати и еден од неговите најголеми ривали во текот на кариерата Леброн Џејмс, кој беше буквално скршен и прсна од плачење.