Леброн се пожали за суспензијата: Ударот беше случаен, не сум виновен!

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс доби суспензија по инцидентот со Ајзеа Стјуарт, но „кралот“ смета дека тоа не било праведно кон него.

Џејмс пропушти еден меч поради казната, додека Стјуарт доби суспензија од два натпревари поради насилната реакција по ударот кој го доби во лицето.

„Неговиот лакт беше високо и ме исфрли од рамнотежа. Почуствував дека го удрив по лицето. Тоа беше случајно. Знам зошто сум исклучен од мечот, но сметам дека не заслужив дополнителна суспензија од еден натпревар“, кажа Џејмс.