Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс купи луксузна вила во елитен дел на градот, а за неа платил неверојатни 37 милиони долари.

Американските медиуми пишуваат дека Леброн станал горд сосптвеник на вилата, каде што претходно живеела поранешната водителка Ли Филип Бел, која починала на почетокот на годинава.

Вилата има 9.100 квадратни метри, а на имотот се наоѓаат уште две куќи за гости, базен, кино и еден од најубавите погледи кон Лос Анџелес.