Леброн повторно на колена: Кливленд не знаеше да задржи +17 во Индијанаполис!

Кливленд одново губи во серијата со Индијана, благодарение на катастрофално второ полувреме во првиот гостински меч, на теренот на Пјесерс. Предводени од Бојан Богдановиќ, домаќините славеа со 92-90 и поведоа со 2-1 во серијата.

Како почна натпреварот во Индијанаполис, личеше дека Кливленд ќе го врати брејкот од пред неколку дена, поведувајќи со 17 разлика по првото полувреме. Сепак, во третиот период како да застана комплетно, постигна само 12 поени, но и покрај тоа уште имаше водство. Во четвртата четвртина почна со 71-63, меѓутоа до крајот немаше муниција и дозволи Индијана да го помине како брз воз.

Леброн Џејмс повторно како да беше осамен на теренот, со 28 поени, 12 скока и осум асистенции. Овој пат имаше голем пандан во Бојан Богдановиќ, кој шутираше беспрекорно, со 78-процентна реализација и со седум тројки. Индијана ќе игра дома и внедела и ако поведе со 3-1, Кавалирс ќе имаат огромен притисок на домашен терен во петтиот натпревар.

Резултатот се намести на 2-1 на уште две серии од Истокот, меѓутоа таму победија екипите кои губат и ја задржаа неизвесноста. Вашингтон штом допре домашен паркет веднаш се покажа во вистинско светло и го надигра Торонто со 122-103. Бредли Бил и Џон Вол постигнаа по 28 поени, притоа вториот имаше и 14 асистенции.

Милвоки му покажа заби на Бостон на ист начин, на првиот домашен натпревар, славејќи со 116-92. Мидлтоун имаше 23 поени, Адетокумбо скромен со 19.