Леброн го нападна Ибрахимовиќ: Ти си лицемер, сети се што зборуваше во 2018 година!

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е познат како личност без „влакна на јазикот“ и не размислува многу пред да го каже тоа што го мисли.

Ибрахимовиќ пред неколку дена му порача на Леброн дека не треба да се меша во политиката, а набрзо стигна и реакција од ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс.

„Тоа што го прави Леброн е неверојатно, но не сакам кога зборува за политиката. Прави го тоа за што си добар. Јас играм фудбал. Ако сум политичар, тогаш ќе зборувам за политика. Тоа е голема грешка што ја прават познатите луѓе“, кажа Швеѓанецот.

Фантастичниот кошаркар веднаш реагираше и го потсети Ибра дека тој направил нешто слично во 2018 година.

„Забавно е тоа што стигнуваат такви зборови од него, зашто Ибра во 2018 година во Шведска реагираше исто. Зарем не беше тој човекот кој кажа дека на теренот чувствува некаков вид расизам само затоа што неговото презиме е поинакво од другите?“, порача Леброн.