Леброн Џејмс во тек на натпревар се здебелил три килограми!?

Еден од најдобрите кошаркари во светот, Леброн Џејмс има неверојатни физички предиспозиции, но можеби на најновата приказна во американските медиуми нема да поверувате.

Навистина чудна приказна раскажа новинарот Брајан Виндхорст, кој кажа една анегдота од пред неколку години, од натпреварот во финалната серија на Истокот, кога „кралот“ играше за Мајами хит.

„Некои играчи на Мајами ја видоа вагата и не можеа да им поверуваат на своите очи. Џејмс не знаеше што се случило. Неверојатно е тоа што пред натпреварот имаше 123 килограми, а по него имаше 126 килограми“, раскажува Виндхорст.

Новинарот исто така кажа дека Џејмс еднаш го изместил зглобот за 90 степени, но потоа продолжил нормално да игра, како ништо да не се случило.