Џејмс со неверојатна заработка од речиси - половина милијарда долари

Леброн Џејмс во текот на вчерашниот ден потпиша нов договор со Лос Анџелес лејкерс на две години за кои ќе заработи 85 милиони долари. 

Ова значи дека Џејмс по завршувањето на сезоната 2022/2023 ќе има заработено 435 милиони долари во својата НБА-кариера. Нормално, оваа бројка може дополнително да се зголеми ако кошаркарот реши да ја продолжи својата кариера по договорот со Лејкерс.

Џејмс е убедливо кошаркарот со најголема заработка во историјата на НБА. Кевин Гарнет моментално е втор со 343 милиони долари, потоа следува Коби Брајант со 328 милиони. Од активните кошаркар зад Џејмс е Крис Пол, кој досега има инкасирано 300 милиони долари од договорите. 

Меѓу оние со најголема заработка од сегашните играчи во НБА се  и Кевин Дурант со 272 милиони, Расел Вестбрук со 247 милиони, Двајт Хауард 246 милиони долари.