Кузма со звукот на сирената, шампионот подобар во дербито на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ставија крај на мини-серијата од три порази по ред, откако ноќеска, со тројката на Кајл Кузма буквално со звукот на сирената го совладаа Денвер нагетс (124-121).

Талентот на „езерџиите“ ја презеде одговорноста на крајот и успешно стрелаше од нималку лесна позиција, што ги урна надежите на „грумењата“ за евентуална битка за второто место на табелата пред плејофот во Западната конференција. Леброн Џејмс беше најефикасен на мечот со 29 поени и 12 скока, додека Дозиер со 18 поени беше најпрецизен кај Денвер.

 

 

Актуелниот шампион Торонто репторс излезе како победник во дербито на Истокот против Милвоки бакс (114-106) во меч во кој изостанаа најдобрите играчи на двата тима. Во нивно отсуство, Бушер постигна 25 поени со 11 скока, додека Корвер со 19 поени беше најпрецизен кај „елените“.

 

 

Претходно синоќа, Феникс санс дојде до шестата победа во низа, овој пат во пресметката со Оклахома тандерс (128-101), со која „сонцата“ се приближија до битката за осмото место на Западоти тоа на два меча до крајот на регуларниот дел. Во останатите средби, Далас маверикс ја совлада Јута џез (122-114), додека Мајами хит ја надигра Индијана пејсерс (114-92).