Крис Пол е најголемата „тужи баба“ во НБА, но и генијалец во исто време (ВИДЕО)

Оклахома утринава беше пред пораз пред своите гледачи на дуелот против Минесота во рамки на НБА-лигата. Додека на 1,1 секунда до крајот на сцена не стапи Крис Пол со неговата кошаркарска интелегенција и следење на играта. 

Тимбервулфс имаа водство од 121-119, а Карл-Ентони Таунс се подготвуваше да го изведе своето второ слободно фрлање со кое ќе му донесеше водство на својот тим од три разлика на само 1,1 секунда до крајот на натпреварот.

Во меѓувреме гостите направија измена и во игра влегуваше Џордан Бел. Тука на сцена стапи Крис Пол, кој од под кошот викаше по судиите, „дресот не му е во шорцевите! Дресот! Дресот не му е во шорцевите!“.

Судиите го забележаа тоа и веднаш досудија техничка грешка. Според правилата во НБА, играчот кој влегува во игра мора да биде со дресот во шорцеви. Едно вакво прекршување се смета за „одложување на играта“, а со второто се добива техничка грешка. Киксот на Бел беше втор ваков прекршок за гостите, па за тоа домашните добија едно слободно фрлање за да го намалат резултатот.

Данило Галинари го погоди слободното фрлање и намали на 121-120. Потоа преостана второто слободно на Таунс, кој наместо да го промаши за да измине времето, реализираше за 122-120. Ова им даде шана на кошаркарите на Тандер.

Стивен Адамс од под кошот фрли додавање кон Денис Шредер преку цел терен, а Германецот спретно ја фати топката и веднаш погоди за израмнување со звукот на сирената. Во продолженијата Оклахома победи со 139-127 и сето тоа благодарение на реакцијата на Крис Пол, но секако и генијалноста на Адамс и Шредер во последната секунда.