Кралот нема намера да абдицира: Леброн „лапна“ нови 85 милиони долари од Лејкерс!

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, воопшто и не размислува на пензија иако веќе има 36 години, откако се согласи на двегодишно продолжување на договорот со ЛА Лејкерс за сума од 85 милиони долари, кој ќе го задржи во Лос Анџелес се до 2023 година.

„Кралот“ следната сезона ќе заработи 41 милион долари, што значи дека во години во кои ќе ја заврши четвртата деценија од животот, во која многумина поранешни кошаркари веќе беа во пензија, тој ќе заработи неверојатни 126 милиони долари, со што само ќе го дополни своето огромно богатство. Многумина шпекулираат дека една од причините за долгиот договор е желбата на Џејмс барем една сезона да одигра заедно со својот син Брони, кој сега има 16 години.

Наскоро се очекува договор до 2023 година да потпише и Антонио Дејвис, со што двојката би се осигурала за заеднички настап и атак кон НБА-титулите. Леброн новиот договор го потпишува по освојувањето на четвртиот шампионски прстен и четвртиот МВП-трофеј во големото финале, во кое „езерџиите“ го совладаа Мајами хит во шест меча.