Кошаркар на Атланта се расплака кога го избраа за Олстар-мечот (ВИДЕО)

Одличниот кошаркар на Атланта хокс, Трае Јанг за првпат ќе добие шанса да заигра на Олстар-мечот. Неговите одлични настапи беа наградени со избор во петорката на Источната конференција во НБА-лигата за мечот кој ќе се игра на 16 февруари.

Јанг емотивно ја дочека веста за настап на Олстарот, откако се расплака додека со неговото семејство на ТВ го очекуваше конечниот избор.