Кошаркарите во НБА не сакаат старт на сезоната пред Божиќ

Кошаркарите во најсилната лига на светот НБА не сакаат новата сезона да стартува на 22 декември, како прв потенцијален термин кој се појави како опција, објави Мишел Робертс, извршната директорка на здружението на НБА играчи (НБПА).

Откако доиграната сезона заврши на 11 октомври со триумф на ЛА Лејкерс во „меурот“ во Дизниленд, во последниот период се појавија разлилни информации кога би можела да стартува новата сезона, па термините се движеа од пред Божиќ, па се до 18 јануари.

„Мнозинскиот одговор кој го добив од играчите е дека овој предлог за 22 декември не неприфатлив“, објавила Робертс.

Таа потенцира дека жртвувањето на кошаркарите за да се доигра изминатата сезона во Орландо, сега бара од НБА да се „жртвува“ со терминот за старт, зашто сакаат малку подолг одмор после набиениот календар во скратената сезона. Меѓу тие што посебно го посочуваат можниот термин на 18 јанаури, денот на Мартин Лутер Кинг, се и најголемите НБА-имиња во моментов.

Во моментов здружението на кошаркари разговара и за новиот колективен договор, во кој се предвидува и кратење на платата, а Робертс посочила дека моментно сериозно се разгледува истиот.

„Бараме и постојано добиваме податоци од вклучените страни и работиме на контрапредлог што е можно побрзо. Нема засега најави дека брзо може да се донесе, оваа или следната недела“, додала Робертс.