Кошаркар на Торонто заврши зад решетки: Ја претепал девојката пред нејзиниот син

Кошаркарот на Торонто репторос, Теренс Дејвис вчера бил уапсен во Њујорк, откако физички ја нападнал својата девојка во луксузен хотел во Менхетен.

Полицијата била повикана во хотелот во вторникот вечерта, а девојката го пријавила Дејвис за насилство. Двајцата прво имале вербална расправија по што кошаркарот ја удрил девојката во лицето. Таа имала модринка под окото, а при инцидентот бил присутен и малолетниот син на девојката. 

Властите во Њујорк објавија дека против Дејвис е покренато обвиненија за трет степен на физички напад и криминално однесување. Во меѓувреме кошаркарот е пуштен од притвор и ќе се брани од слобода.

Од таборот на Торонто репторс не го коментираа веднаш инцидентот со образложение дека чекаат повеќе информации, па ќе излезат со јавно соопштение.