Кошаркар на Атланта има повреди на мозокот, сообраќајка му ја скрати кариерата (ФОТО)

Кошаркарот на Атланта хокс, Чендлер Парсонс заработи повеќе тешки и трајни повреди на главата, барем така соопштија од адвокатската канцеларија „Морган и Морган“ во врска со сообраќајната несреќа на познатиот играч.

Парсонс на 15 јануари доживеа сообраќајка по која беше соопштено дека имал потрес на мозокот и повреди на главата, а по дополнителните прегледи беше објавено дека повредите се посериозни од тоа што се сметало.

„Чендлер беше во врвна форма. Сега работи со докторите да ја подобри својата состојба и здравје. Не е сигурно дали може да игра во овој момент, а сега се посветуваме на негова рехабилитација“, соопштија адвокатите.

Парсонс се враќал дома од тренинг во моментот кога го удрил возач, кој предизвикал сообраќајка на три возила.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Prayers up 🙏

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport) on