Колекционерска картичка на Лука Дончиќ продадена за рекордна сума (ФОТО)

Лука Дончиќ е вистинска сензација во НБА-лигата.  Навивачите го обожаваат младиот Словенец, кој ги полуде со своите игри откако беше драфтуван во најдобрата лига во светот пред две ипол години. 

Американците се луди колекционери, па руки картичката на Дончиќ синоќа се продаде за неверојатни 4,6 милиони долари. 

Ова е апсолутен рекорд во САД во однос на колекционерските картички на кошаркарите. Претходно картичките на Јанис Адетокумпо и Леброн Џејмс беа продадени за 1,8 милиони долари, а онаа на Мајкл Џордан за 1,4 милиони долари.