Кокошков и Дивац го заобиколија: Дончиќ ќе биде новиот Дирк Новицки во НБА!

Словенечкиот репрезентативец и еден од најдобрите кошаркари во Евролигата минатата сезона, Лука Дончиќ, својата кариера во НБА-лигата ќе ја почне во дресот на Далас маверикс, откако рано утринава, по македонско време, беше избран како трет пик на драфтот.

Со ова паднаа во вода очекувањата дека ултра-талентираниот Словенец ќе заврши во тим со европска крв, со оглед што како први бираа Феникс санс и Сакраменто кингс каде што тренер односно спортски директор се Игор Кокошков односно Владе Дивац. Дончиќ оргинално беше избран од Атланта хокс, која веднаш го проследи меѓу „телињата“ во замена за 19-годишниот Трае Јанг. Управата и навивачите на составот од Тексас во ѕвездата на Реал Мадрид гледаат замена за Дирк Новицки, без разлика што не играат на иста позиција, уште повеќе што ветеранот остана во тимот со што ќе може да му помогне во аклиматизацијата на својот наследник.

Прв избор за драфтот е фантастичниот центар од Аризона, Деандре Ајтон, кој ќе игра за „сонцата“ додека „кралевите“ од Сакраменто го избраа крилниот центар Марвин Багли. АБА-лигата и годинава имаше играч избран во првата рунда од драфтот, откако Бруклин нетс од 29. позиција го „собраа“ доскорешниот кошаркар на Цедевита, Џанан Муса.

НБА ДРАФТ, ПРВА РУНДА

1. Феникс Санс - ДеАндре Ајтон (Аризона, САД)
2. Сакраменто Кингс - Марвин Бегли III (Дјук, САД)
3. Атланта Хокс - Лука Дончиќ (Реал Мадрид, Шпанија - трејд во Далас)
4. Мемфис Гризлис - Џерен Џексон Јуниор (Мичиген Стејт, САД)
5. Далас Маверикс - Треј Јанг (Оклахома, САД - трејд во Атланта Хокс)
6. Орландо Меџик - Мохамед Бамба (Тексас, САД)
7. Чикаго Булс - Вендел Картер Јуниор (Дјук, САД)
8. Кливленд Кавалирс - Колин Секстон (Алабама, САД)
9. Њујорк Никс - Кевин Кнокс (Кентаки, САД)
10. Филаделфија - Микал Бриџс (Виланова, САД - трејд во Феникс)
11. Шарлот Хорнетс - Шаи Александер (Кентаки, САД - трејд во ЛА Клиперс)
12. Лос Анџелес Клиперс - Мајлс Бриџес (Мичиген Стејт, САД - трејд во Шарлот)
13. Лос Анџелес Клиперс - Џером Робинсон (Бостон Колеџ, САД)
14. Денвер Нагетс - Мајкл Портер Јуниор (Мисури, САД)
15. Вашингтон Визардс - Трој Браун Јуниор (Орегон, САД)
16. Феникс Санс - Заир Смит (Тексас Тек, САД - трејд во Филаделфија)
17. Милвоки Бакс - Донте ДиВинченцо (Виланова, САД)
18. Сан Антонио Спарс - Лони Вокер IV (Мајами, САД)
19. Атланта Хокс - Кевин Уертер (Мериленд, САД)
20. Минесота Тимберволвс - Џош Окоги (Џорџија, САД)
21. Јута Џез - Грејсон Ален (Дјук, САД)
22. Чикаго Булс - Чендлер Хатчисон (Боис Стејт, САД)
23. Индијана Пејсерс - Арон Холидеј (УЦЛА, САД)
24. Портланд Блејзерс - Анферни Симонс (ИМГ Академи, САД)
25. Лос Анџелес Лејкерс - Мориц Вагнер (Мичиген, САД)
26. Филаделфија - Лендри Шамет (Вичита Стејт, САД)
27. Бостон Селтикс - Роберт Вилијамс (Тексас А&М, САД)
28. Голден Стејт Вориорс - Џејкоб Еванс (Синсинати, САД)
29. Бруклин Нетс - Џанан Муса (Цедевита, Хрватска)
30. Атланта Хокс - Омари Спелмен