Коби Брајант нема да биде промовиран во „Куќата на славата“ - годинава

Последната генерација на кошаркари што требаше да биде промовирана во „Куќата на славните“ годинава се состоеше од трагично загинатиот Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан. 

Церемонијата дефинитивно ќе биде одложена и тоа поради пандемијата од коронавирусот. 

„Ја откажуваме церемонијата“, изјави Џери Коланџело, претседателот на „Куќата на славните“. „Ќе биде презакажана за првата четвртина од 2021 година. Во следните неколку недели ќе имаме состанок и ќе разговараме за потенцијалните датум и местото на одржување на церемонијата“, додаде Коланџело.

Брајант, Гарнет и Данкан беа кошаркари кои ги дефинитираа деведесетите години, а најголемите успеси ги имаа во првата декада од 21.век.