Кливленд ги надигра Клиперс дури по продолженија, Леброн - фантастичен! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс одигра уште една марстрална партија со која го спаси Кливленд, овој пат во изедначениот натпревар со ЛА Клиперс, кој заврши со 118-113 во полза на Кавалирс дури по продолженија.

Гостите од Лос Анџелес водеа буквално цел натпревар, а во последната четвртина имаа и плус десет, но Кливленд ја намали разликата, a на околу минута до крајот Леброн погоди тројка за да изедначи на 105-105, која се покажа доволна да го прати мечот во продолженија. Таму, пак се истакна Кевин Лав со две тројки, носејќи им го на Кавалирс првото водство на мечот воопшто.

Леброн броеше до 39 поени, 14 скока и шест асистенции, а му помогнаа Кевин Лав со 25 коша и Дејн Вејд со 23. Кај Клиперс Блејк Грифин постигна 23 коша и 12 скока, а Андре Џордан имаше 20 поени и дури 22 скока. Ова е четврта победа по ред за Кливленд, а Клиперс, по одличниот старт од 4-0, сега имаат девет порази на последните 10 меча.

На Западот централен натпревар беше дербито меѓу Сан Антонио и Оклахома кое до добија Спарс со 104-101, откако губеа и со 23 поени разлика во текот на мечот. Оклахома беше одлична од почетокот, добивајќи ја првата четвртина со 32-15, но Сан Антонио се врати, предводен од Ламаркус Олдриџ со 26 поени и девет скока. Кај Оклахома прв стрелец беше Кармело Ентони со 20 поени, а Расел Вестбрук беше „очаен“ со 15 поени и по девет скока и асистенции

Во другите натпревари од НБА синоќа:

Индијана – Детроит 107-100

Вашингтон – Мајами 88-91

Бруклин – Јута 118-107

Торонто – Њујорк 107-84

Чикаго – Шарлот 123-120

Далас – Минесота 87-111

Сакраменто – Портланд 86=82

Денвер – Њу Орлеанс 146-114

ЛА Лејкерс – Феникс 113-122