Клиперс за прв пат во историјата ќе играат конференциско финале (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс направија неверојатен пресврт во второто полувреме за да дојдат до триумф од 131-119 против Јута за вкупни 4-2 и за прв пат во својата 51-годишна историја да се пласираат во финалето на Западната конференција во НБА-лигата. 

Домашниот тим на стартот на третата четвртина имаше неверојатна негатива од 25 поени, но успеа да се врати во игра и на крајот да слави, а сето тоа без првата ѕвезда Каваи Ленард, кој е повреден. 

Теренс Мен одигра неверојатен натпревар и постигна за него рекордни 39 поени. Пол Џорџ повторно беше одличен и реализираше со 28 поени, а Реџи Џексон постигна 27 поени  со 10 асистенции. Кај Јута, Донован Мичел постигна 39 поени, а Џордан Кларксон и Ројс Онил по 21 поен. 

Во финалето на Западната конференција, Клиперс ќе ги одмерат силите со Феникс. 

Филаделфија славеше во Атланта со 104-99 и се избори за мајсторка на домашен паркет. Сет Кари и Тобајас Херис постигнаа по 24 поени кај Сиксерс, додека Жоел Ембид имаше 22 поени и 13 скока. Во таборот на Хоукс, Тре Јанг стандардно беше најдобар со 34 поени.