„Ќе бев посреќен ако Бог ми кажеше дека ќе ме земе мене, а ќе го поштеди Коби“
Одом играше заедно со Брајант во дресот на Лејкерс и тие двајца беа големи пријатели, а многумина го паметат и по 2015 година, кога доживеа 12 мозочни удари и два срцеви додека беше во болница, но сепак успеа да преживее.
„Нема шанси дека Бог го зема брат ми толку рано. Знам дека поминав тешки моменти додека користев дрога и не бев добар кон себе. Додека бев во кома доколку Бог дојдеше и ми кажеше да ме земе мене, а да го поштеди Кобе, ќе бев среќен да се случи тоа...“, беше дел од пораката на Одом на Инстаграм.