Кирјос излезе на терен во дрес на Коби, па се расплака (ФОТО+ВИДЕО)

Контроверзниот тенисер Ник Кирјос ја воодушеви публиката на Австралијан опен, откако на мечот против Рафаел Надал се појави во дресот на Коби Брајант, кој вчера загина во страшна хеликоптерска несреќа.

Кирјос излезе на теренот во дресот на легендарниот кошаркар и почна да плаче кога доби аплауз од трибините.