Кингс го совладаа вториот тим на Вориорс, Вестбрук со нов трипл-дабл (ВИДЕО)

Актуелниот првак во НБА-лигата, Голден Стејт не може да го загуби второто место во Западната конференција па во последните натпревари од регуларниот дел од сезоната тренерот Стив Кер ги одмора своите најдобри кошаркари.

Така вториот тим на Вориорс утринава на домашен паркет беше поразен од Сакраменто со 93-98. Стеф Кари, Клеј Томсон и Кевин Дурент не беа во тимот па гостите го искористија тоа за да дојдат до победата. Кук со 25 поени беше најдобар кај Вориорс со 25 поени, Ник Јанг постигна 16 поени. Бади Хилд во редовите на Сакраменто беше лидер во офанзивата со 22 поени. 

Расел Вестбрук стигна до нов трипл-дал во победата на Оклахома од 121-113 против ЛА Клиперс. Тој постигна 16 поени, 10 скока и 11 асистенции, во натпревар во кој најефикасен кај Тандер беше Кори Бруер со 25 поени. Кај гостите од Лос Анџелес најмногу се истакнаа Тобијас Херис и Остин Риверс со 24, односно 23 поени.

Горан Драгиќ го предводеше Мајами до триумф во „Стејплс центарот“ против ЛА Лејкерс од 91-92. Словенецот реализираше 30 поени во победата на Хит и му го нанесе на домашниот тим третиот пораз на последните пет натпревари. Џулиус Рендл имаше дабл-дабл кај домашните со 25 поени и 12 скока. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Торонто - Далас 122-115 (п.п.)
Филаделфија - Бруклин 120-116
Орландо - Бостон 83-92