Кевин Дурент опериран – го чека ептен долга пауза!

Една од првите ѕвезди на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурент имаше синоќа операција на ахиловата тетива, поради која сега го очекува долга пауза и веројатно пауза од цела една сезона.

Дурент се повреди на петтиот меч од финалето во НБА, па сега според проценките после операцијата е дека го очекува пауза од осум месеци до цела година, во зависност од тоа каков ќе биде рехабилитацискиот процес, зашто станува збор за една од најтешките и најпроблематични повреди за кошаркари.

„Операцијата беше извршена и таа е успешна. Моето враќање почнува денеска, со мене е семејството и ги ценам сите пораки за поддршка. Кошарката е мојата најголема љубов, таа ноќ сакав да бидам на паркетот, сакав да помогнам... Се случи тоа што се случи, ама јас сум горд што дадов сѐ што можев“, рече Дурант.