Кевин Дурант ја засилува најбогатата франшиза во НБА!?

Еден од најдобрите играчи во НБА, Кевин Дурант, се очекува од наредната сезона да ги замени Голден Стејт Вориорс со некој друг тим во лигата. Шпекулациите никогаш не биле посилни дека крилниот играч има големи шанси да биде лидер на најбогата франшиза во НБА - Њујорк Никс. 

Никси во промоцијата на карти за наредната сезона го имаа и Кевин Дурант, тоа беше доволно медиумите во САД да го спојат популарниот Кеј-Ди со преселба во Њујорк. Двократниот НБА шампион кога пред неколку дена беше запрашан на ова прашање, жестоко реагираше дека не размислува за такво нешто, но очигледно неговите размислувања се промениле.

Доколку Клеј Томсон остане во шампионскиот тим на Вориорс, тогаш не постои можност Дурант да добие максимален договор. Тоа е еден од проблемите, вториот е желбата на Дурант да биде единствен лидер на франшиза, а Њујорк Никс е вистинска шанса за реализација на неговата желба.