Каваи Ленард станува слободен агент, Репторс му нудат максимален договор

Каваи Ленард дојде до својата втора шампионска титула во кариерата, откако на Торонто му ја донесе првата во историјата. 

Тој заслужено беше прогласен за МВП на финалната серија против Голден Стејт, а интересно веќе одбра да биде слободен агент ова лето со што одби 21,3 милиони долари да продолжи со Репторс на уште една сезона.

Сепак тој и натаму има желба да остане во Торонто, тим кој може да му понуди максимален договор вреден 190 милиони долари во следните пет години.

Репторс во трката за потписот на Ленард ќе имаат и сериозна конкуренција во Лос Анџелес клиперс, кои исто така се заинтересирани за фантастичниот кошаркар.