Кармело Ентони повеќе нема да се враќа во Хјустон!? (ФОТО)

Крилниот кошаркар на Хјустон рокетс, Кармело Ентони, очигледно повеќе нема да се враќа во екипата од Тексас.

„ЕСПН“ пишува дека 34-годишниот Мело ја завршил својата кратка мисија во Хјустон. Наводно, Ентони поради болест не играше во претходните два меча со Сан Антонио и Индијана, а американските медиуми пишуваат дека го напуштил клубот пред дуелот со Денвер.

Последниот меч го одигра на петти ноември и во поразот од Оклахома постигна два поени.

Генералниот менаџер на Хјустон, Дерил мори, кажа дека шпекулациите за иднината на Мело се направедни, но уште утре може да се очекува раскинување на соработката.

„Многу сме задоволни со Кармело. Тој ги исполни нашите очекувања и не е фер да се шпекулира така за него“, кажа Мори.

Инаку, Мело летоска потпиша едногодишен договор вреден 2,4 милиони долари, а како резерва во екпата на Хјустон постигнуваше по 13,4 поени и 5,4 скокови.