Кармело Ентони откри како Леброн му го спасил животот!

Американскиот кошаркар Кармело Ентони во текот на разговорот со легендата на Мајами, Двејн Вејд раскажа за една ситуација кога Леброн Џејмс му го спасил неговиот живот.

Кармело бил блиску да се удави, но во вистински момент му помогнал Леброн, кој му го спасил животот.

„Уште ми е во спомените. Скокавме од брод на Бахамите и отидовме да пливаме до една мала пештера. Излеговме и сите заминаа кон бродот, а јас... јас сум виновен затоа што си играв со животот. Струјата почна да ме влече спротивно од чамецот. Тогаш го видов Леброн кој скока од брод и ме враќаше со една рака. Пливаше со другата додека мене ме влечеше. Ми го спаси животот“, раскажува Кармело.