Кармело Ентони на пат за Оклахома: Се создава ново „големо трио“

Кармело Ентони летово е цел на многу шпекулации, а едно е сигурно, тоа дека повеќе нема да го носи дресот на Њујорк никс.

Се зборуваше дека тој е најблизу до преселба во Хјустон, каде ќе им се приклучи на Крис Пол и Џејмс Харден, а во комбинација беше и тимот на Портланд.

Сепак, спортскиот новинар Адријан Војнаровски, кој секогаш е одлично информиран околу трејдовите на својот „Твитер“-профил објави дека Кармело Ентони заминува во редовите на Оклахома. Според него, Њујорк ќе ги добие Енес Кантер и Даг Мекдермот, како и еден драфт пик. 

Оклахома се обидува да изгради шампионски тим околу Расел Вестбурк, па летово беше доведен Пол Џорџ, а доколку навистина и Ентони го облече дресот на Тандер, тогаш Западот ќе биде исклучително квалитетен и можеби ќе прекине доминацијата на Голден Стејт.