Кармело Ентони ќе го „глуми“ Дурент во новиот дримтим на Оклахома тандерс!

Управата на Оклахома сити тандерс успеа да донесе уште едно суперзасилување и тоа ветеранот од Њујорк никс, Кармело Ентони, кој во понеделник треба да ги заврши формалностите за преселба во овој тим.

Со тоа управата на овој клуб успеа во напорите да создаде нов дримтим, откако неаодамне дојде и Пол Џорџ како дополна на фантастичниот Расел Вестбрук, со што на најдобар начин ја пополни празнината по заминувањето на Кевин Дурент во Голден стејт лани ова време. За „ослободувањето“ на Ентони, Никси ќе ги добијат Енес Кантер и Даг Мекдермот како и избор од втората рунда на НБА-драфтот следната година.

Ентони е десеткратен учесник во олстар-натпреварот во НБА-лигата, во која е веќе 14 сезони со просек од 24,8 поени, 6,6 скока и 3,1 асистенција.