Кари ја „менува“ професијата – ќе стане газда на својот омилен клуб!

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари и раперот Шон Диди се во групата, која милијардерот Мајкл Рубин ја собрал за да го купи тимот на Каролина пантерс.

Одличниот кошаркар ќе има дел од акциите на овој рагби клуб додека најголем процент од акциите ќе добие Рубин, кој исто така е сопственик на брендот за спортска облека Фанатикс.

„Јасно ми е дека имам дневна работа, но имам луѓе кои се поврзани и се обидуваат да сфатат како функционира работата. Немам што друго да кажам, освен дека сум заинтересиран и сакам да направам што и да е потребно за ова да се оствари“, вели Кари.