Стеф Кари ги „изрешета“ Клиперс, Вашингтон го „потопи“ Кливленд!

Кошаркарите на Вашингтон успеаа да го победат Кливленд со 110-103 додека Кари со осум тројки и 44 поени го однесе Голден стејт до победа од 134-127.

Тимот на Леброн Џејмс ја победи екипата на Стеф Кари во Ол-стар мечот, но во првиот натпреварувачки дуел во НБА потоа доживеа неуспех. Кливленд ја прекинаа серијата од четири победи по ред.

Вашингтон до триумф го предводеше Бил со 18 поени и девет асистенции, а Саторански и Обре успеаа да постигнат по 17 поени додека кај Кливленд Џејмс беше најпрецизен со 32 постигнати поени, а Смит постигна 15 поени.


Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кари во целост го одбележа мечот помеѓу Голден стејт и Клиперс. Кари за 36 минути поминати на паркетот постигна дури 44 поени, а притоа погоди и осум обиди за три поени.

Во текот на поголемиот дел на натпреварот Голден стејт имаше двоцифрена предност, но Клиперс добро се спротиставија и во последната четвртина успеаа да дојдоа на – минус два.

Освен споменатиот Кари, најефикасен во екипата на „вориорс“ беше Дурант со 21 поен и Томпсон со 19 поени додкеа кај Клиперс најдобар беше Харис со 22 постигнати поени.

Останати резултати:

Шарлот - Бруклин 111-96
Орландо – Њујорк 113-120
Чикаго – Филаделфија 115-116
Кливленд – Вашингтон 103-110
Сакраменто – Оклахома 107-110
Голден стејт – Клиперс 134-127