Како српскиот џин Јокиќ го прати „по бурек“ цел Сакраменто (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Денвер и Сакраменто го одбележа неверојатниот Никола Јокиќ. 

Српскиот центар го забележа и седмиот трипл-дабл во сезоната со 20 поени, 11 скока и 10 асистенции и беше најзаслужен за победата на неговиот тим.

Освен тоа, направи еден феноменален потег на натпреварот - во првиот дел го испрати цел противнички тим „по бурек“.

Неколку пати го измами чуварот, се намести како за шут, но му асистираше на осамениот соиграчи и притоа го исфрли цел тим на Сакраменто од игра...