Јокиќ влезе во историјата на НБА – само две легенди се подобри од Србинот

Српската кошаркатска ѕвезда Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс утрово имаше брилјантен настап и сам го победи Мајами со својот трипл-дабл ефект, што за 23-годишниот центар беше веќе 20-ти во кариерата откако дојде во најсилната кошаркарска лига (НБА).

Јокиќ мечот го заврши со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции и со тоа влезе во историјата на НБА како трет најмлад кошаркар на кој му упеало да стигне до 20 трипп-дабл учиноци во кариерата. Србинот до овој ефект дојде со 23 години, а само двајца кошаркари во историјата успеале една година помлади од Јокиќ да стигнат до овој учинок.

Станува збор за легендите Оскар Робертсон и Меџик Џонсон, кои на 22 години веќе имаа 20 трипл-дабл учиноци во кариерата.

Јокиќ во НБА игра од 2014 година од Мега Бемакс, како 41. пик на драфтот, а лани со Денвет го потпиша најголемиот договор на една бившојугословенска спортска ѕвезда и за пе години ќе заработи 146,5 милиони долари.

Јокиќ сезонава има просек од 18,9 поени, 10.1 скок и 7,4 асистенции.