Јокиќ со трипл-дабл го урна Торонто! (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ го реши дербито на лидерите во Источната и Западната конференција во НБА лигата. Денвер Нагетс гостуваа кај Торонто Репторс и забележаа победа 106:103. Јокиќ ги постигна последните три поени на мечот од линијата за слободни…

Незаборавна партија на овој меч имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој запиша неверојатен трипл-дабл со скор од 23 поени 15 асистенции и 11 скока, а сосема солиден во редовите на победничката екипа беше и Мареј со 21 поен, 8 асистенции и 7 скока. Кај Торонто се издвои Ленард со 27 постигнати поени. 

Најефикасниот меч беше одигран во Њу Орлеанс каде што Клиперси го победија домаќинот со 129:126. Победничкиот тим до овој триумф ги предводеше Харис со 27 поени, додека во Њу Орлеанс најрасположен беше Рендл со 37 и Холидеј со 32 поени, тој додаде и 14 асистенции.

Резултати:

Детроит – Оклахома Сити 83-110
Атланта – Голден Стејт 111-128
Бруклин – Кливленд 97-99
Њујорк – Вашингтон 107-110
Торонто – Денвер 103-106
Минесота – Хјустон 103-91
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 126-129.