Јокиќ со остварување какво што немал никој досега во историјата на НБА (ВИДЕО)

Никола Јокиќ од ноќеска е единствен во историјата на НБА кому му успеало да дојде до бројката од најмалку 5.000 скока и 3.000 асистенции во помалку од 500 натпревари, со што уште еднаш покажа дека е на добар пат да стане една од најголемите легенди на најсилната лига во светот.

Српскиот центар магичната граница ја надмина во синоќешниот триумф на Денвер нагетс над Детроит пистонс (110-105) во кој имаше удел со 28 поени, 21 скок и девет асистенции. Тој во моментов е најдобар во НБА и со тоа што по осми пат на еден меч имаше најмалку 20 поени 20 скока, што е остварување на кои може да сонуваат речиси сите останати во лигата.

Јокиќ до надминување на магичната граница од 5.000 скока и 3.000 асистенции дојде со одиграни 494 средби во НБА, бројки кои тешко дека некој би можел да ги надмине, барем не во догледно време.