Јокиќ си има мака: Судиите го оштетиле дури - 14 пати!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ може да се жали на судењето бидејќи тој е кошаркар во НБА-лигата кој најмногу страдал од судиите, но и во последните шест години.

НБА-лигата ги објави резултатите на последните две минути по секој меч и во извештаите зборуваше за грешките на судиите, а на врвот на листата е Јокиќ, кој бил оштетен дури 14 пати.

И на вечната листа Јокиќ е на првото место. Судиите против него згрешиле неверојатни 37 пати, повеќе од Џејмс Харден и Леброн Џејмс.